Општина Гази Баба втора година по ред се приклучува на одбележувањето на Европската недела на мобилноста.
Минатата година тоа го направивме со организација на Кино на отворено на кое граѓаните имаа можност да ја генерираат електричната енергија преку возење на велосипед.
Оваа година во соработка со Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин го организираме така наречениот Вело бус каде учениците заедно со своите родители ова утро во училиштата пристигнуваат со своите велосипеди.
Како одговорна локална самоуправа континуирано реализираме проекти во насока на поттикнување на граѓаните за користење на велосипедот како алтернативно превозно средство.
Во таа насока ги воведовме субвенциите со кој секој граѓанин на Општина Гази Баба кои ќе набави велосипед добива финансиска поддршка од општина Гази Баба, а дополнително на повеќе локации во општината изградивме паркинг простор за велосипеди.
Посебно е важно да се знае е изградбата на сервисни станици за поправка на велосипед кои како општина ги изградивме на повеќе локации во општината.
Инвестираме и во инфраструктурата наменета за велосипеди за што во 2023 година Општина Гази Баба доби награда за најповрзувачка општина во Скопскиот плански регион.
Пораката на градоначалникот Бобан Стефковски до граѓаните е да ги користат велосипедите како алтернативно превозно средство бидејќи тоа е најбрзо, најекономично и најздраво превозно средство.
Извор: Општина Гази Баба