spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје започна со реализација на уште еден проект за реконструкција на водоводната мрежа кој е од големо значење за граѓаните, со трајно решавање на повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во населеното место Злокуќани.

Со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Скупи 3 во општината Карпош, целосно се менуваат старите цолови цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили кои соодветствуваат на потребите на локалните жители.

По инсталирањето на новата водоводна мрежа, истата се поврзува со постоечката главна мрежа на магистралната улица Скупи. На новата мрежа ќе се поврзат и постоечките корисници, со што несоодветната мрежа ќе биде напуштена.

Изведбата на овој проект преставува реализација на дел од програмата за обновување на градската водоводна мрежа, се овозможува квалитетно водоснабдување во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Штип: Признанија за училиштата од општината

0
На 5 ноември во Куманово се одржа јавна дебата на тема „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“ ,како втора фаза од проектот...