spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Јавна дискусија во рамки на кампањата “Сите заедно за професионална и...

Куманово: Јавна дискусија во рамки на кампањата “Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”

Денеска во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации се одржа Јавна дискусија во рамки на кампањата “Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”, на тема “Идни заложби за добро управување и поефикасна јавна администрација”. Настанот е во организација на Министерството за јавна администрација со поддршка на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Целта на дискусијата е да се претстават идните заложби на Владата во областа на реформи во јавната администрација.

Се дискутираше со стручната јавност, претставниците од институциите и останатите засегнати страни за подобрување на регулативата во областа на управување со човечки ресурси во институции од јавен сектор, како и за последните предложени законски решенија во оваа област, кои повторно се отворени за јавноста во насока на поквалитетни решенија. Се прецизираа клучните предизвици во различни сфери од работата на администрацијата и институциите, со цел брзи и квалитетни услуги за граѓаните.

Пред присутните на Јавната дискусија се обратија Максим Димитриевски градоначалник на општина Куманово, Горан Минчев министер за јавна администрација и Златко Перински министер за локална самоуправа.

Погледнете:👀👇


https://www.youtube.com/embed/UIJ4526Dbsc?si=VFxG2IKs_EH5w208


https://www.youtube.com/embed/bgm7qFsjBrY?si=vJUNk67dN5m2JViy

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МЕП: Средба Муртезани – Бока: Интегриран Западен Балкан е од суштинско...

0
На покана на министерот за ЕУ прашања на Унгарија, министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Будимпешта оствари средба со својот...