Денеска, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Тања Карлебах, консултантка за реформа на јавната администрација, ДМС системи и антикорупција од Националниот демократски институт (НДИ), на која се разговараше за тековните проекти кои министерството ги спроведува како и за можностите за идна соработка помеѓу двете страни, истакнувајќи ја важноста од зајакнување на демократските процеси и унапредување на капацитетите на јавната администрација.
Фокусот на средбата беше во рамките на проектот за градење отпорност кон корупција на локално ниво, кој е финансиран од швајцарската агенција за развој и соработка. На состанокот се разговараше за можностите за соработка во областа на реформата на јавната администрација, подобрување на DMS системите и ефикасна борба против корупцијата.
Министерот Минчев ја истакна важноста на овие иницијативи преку кои ќе се зголеми транспарентноста и довербата на граѓаните во институциите. Карлебах го поздрави напредокот на реформите во јавната администрација иницирани од министерството и изрази подготвеност за поддршка во фазите кои претстојат.
Двете страни нагласија дека заедничките напори ќе придонесат за подобрување на јавната администрација и создавање на поефикасни механизми за справување со корупцијата, како и севкупно подобрување на работата во јавната администрација.