spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Лимани - Преку мапирање на слабостите во системот ќе дојдеме до...

МСПДМ: Лимани – Преку мапирање на слабостите во системот ќе дојдеме до креирање на квалитетни системски решенија за ранливите категории граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани се сретна со Директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска и претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

На средбата се зборуваше за анализите, истражувањата и идејните решенија на кои овие два институти работат со фокус на Ромите како една од најранливите категории на граѓани во заедницата. Како такви беа наведени самохрани родители, лица со попреченост, повратници и други. Целта на проектот на кој работат е да се развие и имплементира процес на социјална отчетност кој ќе идентификува и документира како социјалната реформа од 2019 година допира до ранливите и маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и повратниците, и дали одговара на нивните потреби.

Од страна на претставниците на институтите беа изложени детектираните слабости во релацијата Центри за социјални работи и корисници на права од социјална заштита. Како две точки на кои се вршело истражувањето беа посочени општините Шуто Оризари и Куманово.

На средбата се отвори и прашањето со повратниците во нашата земја како особено важно, земајќи го предвид евроинтегративниот пат на нашата земја.

Од страна на министерот Лимани беше изразена поддршка за вакви проекти на кои акцентот е ставен на ранливите категории на граѓани, а со цел унапредување на квалитетот на нивниот живот. Тој посочи дека овие истражувања ќе придонесат кон креирање на системски решенија насочени кон решавање на предизвиците со кои се соочуваме како општество.

Соговорниците искажаа подготвеност за понатамошна соработка во областите кои се во надлежност на министерството.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МСПДМ: Велковски – Борбата против трговијата со луѓе мора да ни...

0
Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на борбата против трговијата со луѓе, еден од најголемите глобални и локални предизвици. На денешниот...