spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Министерот Лимани се сретна со амбасадорката на Литванија, Н.Е Вилма Дамбраускиена

МСПДМ: Министерот Лимани се сретна со амбасадорката на Литванија, Н.Е Вилма Дамбраускиена

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со амбасадорката на Република Литванија, Н.Е Вилма Дамбраускиена.

Министерот Лимани ја поздрави одлуката на Република Литванија за отворање Дипломатска канцеларија во Скопје. На што и двете страни изразија очекување дека тоа ќе придонесе за продлабочување на односите меѓу двете земји.

Соговорниците разговараа за областите кои ги опфаќа Министерството за социјална политика, демографија и млади и можностите за развивање на тесна соработка помеѓу двете министерства и размена на позитивни искуства. 

Министерот истакна дека со оглед на тоа дека Северна Македонија е декларирана како социјална држава и по закон, многу внимание се посветува на областите социјална и детска заштита, сиромаштијата, инклузијата на маргинализираните групи, родовата еднаквост и превенцијата и заштитата од семејно насилство. Креирањето на политики и мерки кои ќе придонесат за подобар живот на сите граѓани во државата.

Притоа беше посочено дека младите ќе бидат во фокус периодот кој доаѓа со оглед дека тоа е нов сектор кој се формира во министерството. Акцентот ќе биде ставен на вклучување на младите во креирањето на политиките од кои придобивки ќе имаат и сегашните и идните генерации на млади.

Од страна на амбасадорката беше посочено дека Литванија останува поддржувач на Македонија и нејзиниот пат кон Европската Унија, како и дека е отворена за соработка и споделување на позитивни практики во областите кои се во надлежност на Министерството.

Соговорниците искажаа задоволство од денешната средба и порачаа дека меѓусебната соработка на двете сродни министерства во периодот кој доаѓа ќе биде подинамична.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте