spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани-Фугер - Поддршката на ранливите категории на граѓани во фокусот...

МСПДМ: Средба Лимани-Фугер – Поддршката на ранливите категории на граѓани во фокусот на проектите поддржани од Австрија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани вчера оствари средба со Харалд Фугер – Аташе на Австриското Министeрство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите,  на која што му беше врачено Писмо со поддршка од Сојузниот министер на Австрија, Јоханес Раух.

Во Писмото министерот Раух пред се му го честита стапувањето на функција на министерот Лимани, со желби за успешно работење, при што изразува подготвеност за заедничка соработка во реализацијата на целите кои се во насока на подобрување на стандардот и квалитетот на живот граѓаните. Ја потврдува и поддршката на Република Северна Македонија на евроинтегративниот пат.

Соговорниците на денешната средба разговараа за заедничките проекти и активности на полето на социјалната заштита, заштитата на децата, зaштитата на маргинализираните групи, и заштитата од семејно насилство.

Од страна на Фугер беа презентирани проектите поддржани од Австрија наменети за поддршка на бездомни лица и нивните семејства во однос на домување, пристап до образование и здравствена заштита,  потоа лица кои се жртви на родово-базирано и семејно насилство и поддршка на деца и млади.

Од страна на министерот Лимани беше изразена благодарност за поддршката која Австрија преку проекти ја обезбедува за нашата држава, а од која придобивки имаат ранливите категории на граѓани.

Во врска со соработката со Австрија, на средбата се приклучија и експерти кои работат на Проект финансиран од ЕУ, кој има за цел зајакнување на заштитата на основните права. Овој проект се имплантира од страна на Лудвиг Болтцман институт – Виена (Република Австрија) во конзорциум со Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Центарот за меѓународна правна соработка. Дел од активностите од овој ИПА проект се поддршка и подобрување на капацитетите на нашето министерство во  оценка на состојбите со родово-базирано насилство и дискриминација, подготовка на Национален акционен план за права на детето и јакнење на капацитети и свеста за човековите права и обврските за имплементација од страна на релевантните институции.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЕП: „Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица,...