spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Велковски - Борбата против трговијата со луѓе мора да ни биде...

МСПДМ: Велковски – Борбата против трговијата со луѓе мора да ни биде приоритет

Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на борбата против трговијата со луѓе, еден од најголемите глобални и локални предизвици. На денешниот настан „Размена на добри практики и знаења во борбата против трговијата со луѓе“, кој се одржа во хотел Хилтон, Скопје, ја истакнавме важноста на заштитата на човековите права и промоцијата на социјалната правда и еднаквост.

Отворањето на настанот беше одбележано со поздравни говори од Н.Е. Ами Ларсон Јаин, Амбасадорката на Кралството Шведска, и Г-а Соња Божиновска Петрушевска, Шефица на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), кои го потврдија значењето на меѓународната соработка и поддршка во борбата против овој сложен феномен.

Министерството, заедно со своите партнери, континуирано работи на развивање на национални политики за превенција и заштита на жртвите на трговијата со луѓе, како и на подигнување на јавната свест за овој сериозен проблем. Националниот механизам за упатување на жртви е клучна алатка која овозможува координирана акција меѓу социјалните служби, полицијата, инспекциските органи и невладиниот сектор.

Со поддршка на ИОМ, во изминатиот период формиравме пет мобилни тимови за идентификација на ранливи категории граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе, кои работат во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово. Овие тимови, кои се составени од претставници на социјалните центри, Министерството за внатрешни работи и невладините организации, постигнале извонредни резултати и се пример за добра пракса во регионот.

Во последните четири години, мобилните тимови контактирале со 1674 лица, од кои 197 се претпоставени жртви на трговија со луѓе, а 19 биле идентификувани како жртви. Особено загрижувачки е фактот што 66% од жртвите се државјани на Македонија, а 46% од нив се деца.

Работата на превенција и заштита од трговија со луѓе мора да остане приоритет. Навремената интервенција е клучна за спречување на експлоатацијата и обезбедување соодветна поддршка на жртвите.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЕП: „Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица,...