spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Алиу го отвори државниот натпревар по прва помош за основци и...

МОН: Алиу го отвори државниот натпревар по прва помош за основци и средношколци во организација на Црвениот крст

Како покровител на државниот натпревар по прва помош, дозволете ми да ги поздравам најдобрите ученици и екипи од регионалните натпревари во Радовиш и Скопје, и да им посакам успешно да покажат колку се вешти први да му помогнат на некој што се повредил или доживел незгода. Како најдобри меѓу илјадниците млади кои ги совладале тајните на укажувањето прва помош, тие знаат колкава е неговата важност – често спасува и живот. Во свет што од ден на ден живее се побрзо, неочекуваните случки се с? почести, а тоа значи и потребата за брза и ефикасна реакција е с? попотребна. 

Ова го истакна заменик министерот за образование и наука проф. д-р Лулзим Алиу на отворањето на државниот натпревар по прва помош за ученици од основните и средните училишта во организација на Црвениот крст.

„Благодарност до Црвениот крст за повеќедецениското дејствување, поттикнување и промовирање хумани вредности, и во тие рамки посебно за обезбедувањето обуки на младите за прва помош. Тоа не е само учење на практични техники, туку има многу подлабоко влијание врз создавањето побезбедно општество. Непроценлива е поддршката на волонтерите на Црвениот крст за училиштата и учениците, но и за семејствата и пошироката заедница“, рече Алиу.

Заменик министерот потенцираше дека Црвениот крст е партнер на МОН во обуката на младите за оваа важна животна вештина која, како што рече, кај нив поттикнува и вредности како одговорност за постапките, емпатија и сочувство за другите, самодоверба за справување со итни случаи, критичко размислување и решавање на проблеми, тимска работа и отпорност.

„Овие вредности не само што им помагаат на младите во критични ситуации, туку придонесуваат и за нивниот целокупен личен развој“, додаде заменик министерот.

На натпреварот учествуваа екипи од 12 основни и средни училишта од различни општини.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Велес: Кошаркарското игралиште во ООУ „Васил Главинов“ со нов лик

0
Кошаркарското игралиште во ООУ „Васил Главинов“ го добива својот нов лик. Игралиштето е второ од трите предвидени спортски терени во дворот на училиштето. На...