spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Средношколци од 15 средни училишта ќе се дружат со ученици од...

МОН: Средношколци од 15 средни училишта ќе се дружат со ученици од партнерски училишта од Западен Балкан преку Проектот за суперучилишта

Петнаесет средни училишта од Македонија се вклучени во спроведувањето на новиот циклус на Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан, заедно со нивните партнерски  училишта од регионот. Поздравувајќи ги учесниците на настанот каде беа претставени наградените проекти за оваа учебна година, министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека создавањето силни врски меѓу средните училишта во регионот ја промовира благородната идеја за заедништво меѓу младите, ги поттикнува да ги рушат предрасудите заменувајќи ги со доверба и со градење партнерство со различните од себе.

„Не сум сигурна дека светот што ние возрасните им го нудиме за живот на децата и младите е доволно исполнет со доверба, пријателство, единство и еднаквост. Но затоа пак, овие 15 проекти јасно покажуваат дека младите знаат да се поврзуваат и покрај различностите, а од предизвиците умеат да создаваат можности за соработка“, нагласи Јаневска.

Шемата за размена на суперучилишта е кофинансирана од Европската Унија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој а имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO Германското друштво за меѓународна соработка GIZ.

Министерката Јаневска укажа дека оваа Програма за училишна размена помага во градењето толеранција, емпатија, дијалог, соработка, ненасилство, инклузивност кај младите и затоа дружењето на средношколци од различни држави не е само споделување на размислувања, желби и стравувања туку е и основа за градење помирна и постабилна иднина на овие простори.  Во оваа насока, Јаневска посочи дека е неопходно системски, преку образованието да влијаеме врз децата и младите но и дека е значајна поддршката како од граѓанскиот сектор така и од меѓународната заедница.

Средните училишта со прифатени проекти за соработка со партнерски училишта од регионот се: АСУЦ „Боро Петрушевски” од Скопје, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” од Охрид, СОУ „Јосиф Јосифовски” од Гевгелија, СОУ „Коста Сусинов” од Радовиш, ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески” од Охрид, СМУГС „Др. Панче Караѓозов” од Скопје, СОУ „Методи Митевски – Брицо” од Делчево, Училишен Центар за Едукација и Рехабилитација „Партенија Зографски” од Скопје, „Аmerican High School” од Скопје, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, СОУ „Јане Сандански” од Штип, СГГУГС „Здравко Цветковски” од Скопје, Државно Средно Училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” од Куманово, Државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” од Тетово и ОСЕУ „8-ми Септември“ од Тетово.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МП: Филков – Комората на вештаци стана функционална, обезбедуваме поголема транспарентност,...

0
Министерот за правда Игор Филков и претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар на прес конференција соопштија дека со запишувањето на Комората на вештаци...