Секое семејство кое живее на територијата на Општина Дојран, со дете кое веќе уредно е запишано во О.О.У „Кочо Рацин“ Нов Дојран, односно во некое од подрачните училишта во населените места од општината, има можност да добие еднократна исплата од 4.000 денари!
За да се искористи еднократната парична помош, родителите на првачињата треба да ги достават следните документи до општина Дојран:
Извод од матична книга на родените на детето;
Број на трансакциска сметка на родителот;
Копија од лична карта на еден од родителите;
Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/25 година;
Извор: Општина Дојран