Општина Градско на Јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА -Инфраструктурни проекти во општините за 2024 год., распишан од страна на Владата на РМ, ќе аплицира со предлог-проектот “Реконструкција на дел 2 од улица 8ми Септември во Градско” во должина од 620 метри од стационажа км0+440,00 до км1+060,00.(реализација месец Ноември).
Со вториот повик во месец јануари ќе се аплицираат дополнителните 1200 метри од улицата 8-ми Септември,со што ќе се реконструира целосно.(реализација месец Март-Април).
Извор: Општина Градско