spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКратово: Забавната Детска Олимпијада Кратово 2024

Кратово: Забавната Детска Олимпијада Кратово 2024

‍♀️⛹‍♀️ Забавната Детска Олимпијада Кратово 2024 е спортско – забавна програма наменета за деца на возраст од 5 до 12 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава.

⛳️Оваа програма е прва во Општина Кратово и се спроведува со 180 деца распоредени во неколку групи – спортови на спортскиот отворен терен Мусала.

⚽️Организатор е Училишниот спорстки клуб „Кочо Рацин“, финансиран од Општина Кратово и останати локални фирми и поединци. Официјален добавувач на вода за сите деца е Ladna

‍‍Забавната Детска Олимпијада има за цел ширење на пријателство, еднаквост, промовирање на здрав начин на живот и спорстка култура.

Ве охрабруваме сите млади но и родители активно да се вклучите во активностите кои ја пренесуваат пораката за присуство на пријателство и еднаквост во секојдневниот живот и на спортските терени.

Извор: Општина Кратово

Прочитајте

Карпош: Стекнување на вештини и знаења за одржлив развој

0
Претставник од Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, викендов учествуваше на тридневната работилница која се одржа во Кочани, во организација на...