Во Општина Новаци имаме драги гости и веќе долгогодишни пријатели од збратимената општина Хрпеље Козина, Р. Словенија. Делегацијата составена од 5 члена, советници и администрација, предводена од градоначалничката Саша Ликавец Светелшек најпрво оствари средба со градоначалникот Стевче Стевановски, следуваше седница на Советот на Општина Новаци, а се посетија и детската градинка Бамби и основното училиште ,,Славко Лумбарковски” во Новаци.
Ова долгогодишно пријателство помеѓу двете општини: Новаци и Хрпеље Козина трае повеќе од десет години. Ваквите средби се многу корисни за размена на искуства од делокругот на работа на локалните самоуправи во двете земји, продлабочување на можностите за соработка и негување на меѓусебното пријателството.
Извор: Општина Новаци