spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНоваци: Работната посета во Стокхолм и Јeвле во Шведска

Новаци: Работната посета во Стокхолм и Јeвле во Шведска

Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, имав можност да бидам дел од работната посета во Стокхолм и Јeвле во Шведска.

Нашата делегација беше примена од амбасадорот на Македонија во Шведска.

За време на шестдневната студиска посета го посетивме седиштето на САЛАР во Стокхолм и разговаравме со директорот Рајан Нокс, фабриката Екогас – Биогасна постројка, собирниот центар на асоцијацијата Gästrike återvinnare кој се наоѓа во градот Јевле каде се селектираат сите фракции на отпад кои се создаваат во домаќинствата и комерцијалните објекти во шведските општини од овој регион, посета на постројката за рециклирање на метал: Kuusakoski и мал рециклажен двор , депонија со претоварна станица за отпад, неколку домаќинства и колективни домови каде видовме како тие постапуваат со отпадот, како го рециклираат и слично. Во рамките на нашата посета на Јевле бевме примени и од заменик градоначалникот на Јевле со кој разговаравме за организацијата и работата на оваа шведска општина.

Целта на оваа студиска посета беше да се пренесат искуствата при спроведувањето одржливи практики за управување со отпад, вклучувајќи ефективно собирање, рециклирање и повторно користиње на отпадот. Се запознавме со воспоставените системи и практики кои се покажаа успешни во шведските општини и региони со цел да примениме искуства и знаења и кај нас.

Оваа посета претставува уникатна можност за релевантни стратешки дискусии како подобро да се надминат предизвиците поврзани со одржливото управување со отпадот, но и да се направи исчекор кон суштинските прашања поврзани со регионалната и меѓуопштинската соработка за прашања поврзани со управувањето со отпадот, со цел усогласување со стандардите на ЕУ. Со тоа сите заедно ќе придонесеме кон подобрена еколошка одржливост и квалитет на живот за сите жители, како и кон забрзано приближување кон ЕУ.

Општина Новаци е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои го имплементираат проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” кој е финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.

Извор: Општина Новаци

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...