spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Во основните училишта, значително подобрени условите за реализација на воспитно-образовниот процес

Гевгелија: Во основните училишта, значително подобрени условите за реализација на воспитно-образовниот процес

Пред новата 2024/2025 година, значително се подобрени условите за реализација на воспитно-образовниот процес во сите основни училишта на подрачјето на Општина Гевгелија, било со сопствени средства или донации. Во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, поставена е фотоволтаична централа со 72 панели (Longi) со вкупна моќност од 42 kw и Инвертери (Sungrow) со моќност од 36 kw. Фотоволтаичната централа, донација од гевгелиската фирма „Елмотерм“, на годишно ниво ќе произведува 50.000 kwh што ќе ги задоволува во целост потребите на Училиштето. Во ова училиште адаптирана е училница за учениците од прво оделение, како и просторот под скалите, наменет за складирање книги. Донатор е Елена Мелкова Стојчев, а изведбените активности се извршени од страна на градежната компанија „Нов дом“ од Гевгелија. Во ООУ „Владо Кантарџиев“ во тек е изградбата на инклузивно спортско – сензорно игралиште, во рамките на проектот „Единство во движење“, кој се реализира преку Програмата за развој на заедницата, поддржана од УСАИД, а имплентирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, кофинансиран од училиштето и локални партнери.

Во ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, со сопствени средства, се реновирани санитарните јазли, со замена на дотраените инсталации за водовод и канализација, на целата санитарна опрема, поставени се нови керамички плочки на подовите и ѕидовите, како и нови врати во тоалетите. На приземјето во Училиштето, е изграден нов тоалет за ученици со попреченост, со што се обезбедени услови за инклузија. За поголема безбедност и заштита на децата, со заштитна мрежа е оградено спорткото игралиште во дворот на Училиштето.

Во ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци е отворена новата целосно опремена училишната кујна, а во подрачните училишта, во дворовите за одржување на урбаното зелено, е инсталиран систем за подземно наводнување со распрскувачи и поставени се чешми за пиење вода. Со сопствени средства и со донација од Советот на родители при Училиштето, како и повеќе општествено-одговорни фирми од Гевгелија, набавени се повеќе паметни табли, клима уреди, систем за филтрирање вода и диспанзер за вода во централното и подрачното училиште во Прдејци. Условите за реализација на наставата се подобрени со донираните компјутери од „Г- стор“ од Гевгелија.

Нова соблекувална за учениците по балет и поголем простор за одржување концерти се реализираните зафати во ООМУ „Васо Карајанов“, пред новата учебна година. Исто така, се планира и набавка на ново пијано, коешто значително ќе ги подобри условите за реализација на музичката наобразба на учениците по пијано.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...