Министерството за образование и наука информира за можноста македонски студенти да земат учество во програмата за постдипломски и докторски студии организирана од Јапонската агенција за меѓународна соработка ( JICA), со наслов „SDGs Global LeaderJFY2025“ во Јапонија за 2025 година.
Програмата вклучува наставни програми за јапонското развојно искуство и практична работа, со цел да се збогати академското и професионалното искуство на учесниците. Учесниците ќе можат да истражуваат на теми како што се администрација, јавна политика,финансии,управување со јавните финансии, меѓународна политика, дипломатија, регионално истражување,бизнис, меѓународна трговија/инвестиции и др.
За дополнителни информации можете да се обратите на следните контакти: Софче Крстиќ, тел. 070/409 -525 и Наталија Филиповска, тел. 070/409-528 каде можете електронски да ги добиете формуларите за пријавување.