spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Средба на Заменик претседателот на Владата, Николовски со амбасадорката на Германија...

МТ: Средба на Заменик претседателот на Владата, Николовски со амбасадорката на Германија Дрекслер

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.  

Покрај актуелните економски и политички прашања во земјава и регионот, на средбата се разговараше и за инвестиционата програма на Владата во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти.

Министерот Николоски ја запозна амбасадорката за плановите на Владата за инфраструктурен развој на земјата и идејата за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи со Германија, при што министерот Николоски ја нагласи важноста на пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји.

Германија е силен поддржувач на Македонија во нејзиниот развој, рече министерот Николоски, потенцирајќи дека Владата е силно фокусирана на европските интеграции и спроведување на реформите.

Министерот изрази благодарност за досегашната соработка при што беше искажана согласност за интензивирање на таквата соработка во различни области од заеднички интерес.

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...