spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Средба на градоначалникот Јакимовски со ликовните уметници

Карпош: Средба на градоначалникот Јакимовски со ликовните уметници

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски оствари средба со неколкумина ликовни уметници, кои беа дел од ликовниот настан ,,Мирисот на летото”, во рамки на Карпошовото културно лето. Првиот човек на Општината, им додели благодарници за нивниот придонес и учество на традиционалната манифестација и им напомена дека нивната работа не е занемарена, туку напротив овие уметнички дела се благодат за Општината кои ќе останат засекогаш запаметени.

Во знак на благодарност кон градоначалникот Стевчо Јакимовски и локалната самоуправа за досегашната одлична соработка и несебичната поддршка која се манифестира повеќе од една деценија, тие одлучија да ги подарат своите уметнички дела кои отсега ќе ги красат просториите на Општина Карпош.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...