spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Започнаа Училишни спортски лиги

Карпош: Започнаа Училишни спортски лиги

Со фудбалскиот меч кој завчера го одиграа основците од ООУ „Вера Циривири Трена“ и ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ на спортското игралиште во рамки на ООУ „Петар Поп Арсов“,беше означен стартот на овогодинешните Училишни спортски лиги на Општина Карпош за учебната 2024/2025 година.

Во рамки на оваа традиционална спортска манифестација која ја организира Одделението за спорт и култура и истата се одржува веќе 15 години во континуитет, основците од десетте училишта во Карпош ќе ги одмерат своите сили во фудбал и кошарка за момчиња, како и одбојка за девојчиња. Покрај оваа иницијатива, Општина Карпош ги поттикнува младите карпошани да спортуваат и да создаваат здрави животни навики, со тоа што парично ги наградува победниците во трите спортови, обезбедувајќи за нив осуммесечни стипендии како и еднонеделна летна екскурзија.

Училишните спортски лиги официјално ги прогласи за отворени претставникот од Општина Карпош, Патрик Поповски, посакувајќи им на основците многу успех, спортска среќа, чесна игра и ферплеј атмосфера, од името на градоначалникот Стевчо Јакимовски, како и од членовите на Советот на Општина Карпош.  

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...