spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерството и дел од странска експертска јавност заедно ќе работат на...

МП: Министерството и дел од странска експертска јавност заедно ќе работат на надминување на проблемите на одредени процеси во правосудството

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од  Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и тимот од проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото”. Со ова ќе се поттикне  довербата на граѓаните преку воспоставување на правосуден систем кој ќе биде темел на праведно општество.

Проектот ја обезбедува потребната експертска поддршка на Министерството за спроведување и следење на Секторската развојна стратегија за правосудството 2024-2028 година, како и други активности, а се во насока на подобрување на законските решенија.  

Предвидено е во текот на наредниот месец да се отпочне со јавни дебати за Законот за Судскиот совет и Законот за јавно обвинителство.

Ќе се реактивира и работата на Советот за следење на Стратегијата .За подобрување на  ефикасаноста на судскиот систем и антикорупциската политика ќе биде неопходно да се унапреди дигитализацијата и да се зајакне соработката помеѓу органите за спроведување на законот и правосудните органи.

Сето ова ќе и помогне на нашата држава да изгради подобар правен систем, да напредува кон интеграцијата во ЕУ и да се осигура дека реформите се одржливи на долг рок.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...