spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП:Министерот Филков оствари средба со претставници на Националната Конвенција за ЕУ во...

МП:Министерот Филков оствари средба со претставници на Националната Конвенција за ЕУ во РСМ

 Долгогодишната успешна соработка меѓу НКЕУ-МК и Министерството за правда како и потврдена заложбата за нејзино продолжување во доменот на реформите и градењето на правната држава беа теми на разговор меѓу министерот за правда Игор Филков со  координаторката на Конвенцијата, проф. д-р Милева Ѓуровска, копретседавачот од Европското движење во Република Северна Македонија, Мухамед Халили  и координаторката на РГ-3 – Правосудство и фундаментални права, проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова

Националната конвенција за ЕУ претставува платформа која дава можност на поширок круг на субјекти од научната и стручната област, граѓанскиот сектор и надлежните институции на државата да бидат дел од овој демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со Пристапните преговори за членство во Европската унија.

На средбата се разговараше за планираните активности на НКЕУ во делот на Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права и работните сесии кои се планирани да се одржат до крајот на годината.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...