spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторНУ Кинотека Македонија: Конференција „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“

НУ Кинотека Македонија: Конференција „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“


Во понеделникот, на 23 септември, во Кинотеката на Македонија се одржа завршниот настан од проектот „И… Акција!“ реализиран во рамките на ЕРАСМУС + програмата финансирана од Европската Унија.
Станува збор за дисеминациска конференција на тема „Примена и креирање на видеосодржини за наставни цели“ на која присуствуваа околу 150 наставници и професори од основните и средните училишта од земјава.

Целта на оваа завршна конференција беше да се предочат предностите од користењето видеосодржини во наставниот процес, и да се претстави он-лајн платформата која овозможува обука на заинтересираниот наставен кадар и за подготовка и за примена на видеосодржини во своите наставни програми.


Со свои излагања на конференцијата настапија проф. д-р Розалина Попова Коскарова од Педагошкиот факултет при УКИМ, Миранда Ала Речи, координатор на проектот „И… Акција!“, м-р Александар Трајковски, виш филмолог, филмската режисерка Марија Џиџева, м-р Дамјана Патчева, виш филмолог, м-р Селесебил Караагач, професор во ПОУ „Јахја Кемал“, и м-р Игор Старделов, советник филмолог во Кинотеката на Македнија – некои од нив и со искуство на директни учесници во реализацијата на проектот „И… Акција!“.


Се говореше за истражувањето и методологијата применети во креирањето на модулите за обука, како и за пилот-обуките кои се спроведоа и во Македонија, но и во земјите од каде доаѓаат другите партнери во проектот (Шпанија, Словенија, Бугарија) низ кои поминаа околу 100 наставници. Потоа беа објаснети  етапите од реализацијата на проектот, техничките елементи потребни за креирање видеосодржини, а се разговараше и за потребата од организирана заштита на аудиовизуелни содржини кои можат да се користат во наставниот проецес како дел од наставната програма.

Беа споделени и искуства – позитивни и негативни – од неопходната и неизбежна дигитализација на образовниот процес и, најпосле беше претставена и самата платформа креирана во рамките на овој меѓународен проект (www.andactionproject.eu) од која бесплатно можат да се користат туторијали за користење на видеосодржини во едукативни цели.

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав...

0
Амбасадорот Лудва ја потенцираше поддршката на Чешка за интеграција на нашата држава во ЕУ.На средбата се дискутираше за повеќе теми од заеднички интерес, со...