spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗП на Владата за политички систем Димовски во ЈП Јасен и Македонски...

ЗП на Владата за политички систем Димовски во ЈП Јасен и Македонски Брод на работен состанок посветен на трансформација за системот за управување со кризи

Трансформација на системот за справување со кризни ситуации и начините за подобрување на состојбите со превентивно делување беа тема на денешниот состанок во Македонски Брод на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски и градоначалникот Жарко Ристески со претставниците на надлежните институции и служби што беа непосредно ангажирани во справувањето со кризната ситуација предизвикана од пожарите на територијата ЈП Јасен и Општина Македонски Брод.

На средбата се споделија информациите од гасењето на пожарите и штетите кои беа предизвикани од нив, со предлози и идеи за тоа што треба да се направи за да се решат сегашните проблеми во функционирањето на системот. Заедничка констатација е дека летните пожари се огледалото на државата, која во овој дел е нефункционална.

Владата од пред извесно време донесе одлука за формирање на работна група, која што ќе изготви решение за трансформација на системот на управување со кризи.

Се изготвува анализа за состојбата и посебна Стратегија со конкретни чекори за воспоставување на функционален интегрален систем за контрола и управување со кризи.

Концепт во кој основата ќе претставуваат волонтерите, обуката и целосната опременост на припадниците на противпожарните единици. Се планира отварање на тренинг центар за волонтери/пожарникари кои би се обучиле и би биле на располагање на територијалните против пожарни единици за полесно справување со пожарите на отворено и пожарите во самите урбани средини.

Исто така споделување на искуствата и практиките во државите во регионот и пошироко.

Менување на десетина закони и проширување на бројот на институциите со нивно вмрежување и координирано работење во интегралниот систем за управување со кризи.

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...