spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваДКСК: Соопштение

ДКСК: Соопштение

По иницијатива на ДКСК за злоупотреба на службена положба ОЈО Скопје отпочна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија.

Државната комисија за спречување на корупцијата ги известува медиумите и јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и отпочна постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија.

Согласно Обвинителниот предлог, обвинетата е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик. Директорката, во текот на мај 2024 година, во својство на Организациски директор на Клиниката, со здравствените работници потпишала договори за дело спротивно на Законот за здравствена заштита, со кои дејствија ги пречекорила своите службени овластувања и прибавила противправна имотна корист за наведените лица, а со тоа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.

Овој чекор претставува потврда на заложбите на ДКСК за борба против корупцијата и утврдување на одговорноста на сите лица кои се инволвирани во прекршување на законите.

ДКСК ќе продолжи да го следи развојот на овој случај и јавноста ќе биде информирана за сите значајни информации.

Придржувањето кон принципите на отчетност и транспарентност останува наш приоритет, а нашата цел е да се осигураме дека неправдите не поминуваат без соодветна реакција.

ДКСК апелира до сите институции и граѓани да соработуваат во откривањето и спречувањето на корупцијата, за заедно да создадеме праведна иднина.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...