spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаменик претседателот на Владата Фетаи на средба со амбасадорката на Германија, Дрекслер

Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со амбасадорката на Германија, Дрекслер

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е Петра Дрекслер, на која и се заблагодари за континуираната германска поддршка за Северна Македонија.

Со амбасадорката се разви отворена и широка дискусија за предизвиците и вонредните состојби со кои се соочуваме како држава во однос на доброто владеење и борбата против корупцијата, но и за неопходните решенија што ќе ги донесеме како нова влада за да ја вратиме довербата кај граѓаните во државните институции и да го забрзаме нашиот европски пат.

Тема на разговор беа и политичките случувања во земјава, каде што вицепремиерот Фетаи ги откри неговите позиции во однос на прашањето за правична и соодветна застапеност на заедниците, статусот на албанскиот јазик и нужното негување на духот на добрата волја меѓу заедниците, во согласност со начелата и духот на Уставот.

Извор: Влада

Прочитајте