spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСАДУКонференција на тема ,,Миграција на младите од Западен Балкан”

Конференција на тема ,,Миграција на младите од Западен Балкан”

На 26.09.2024 година пред одржување на Конгресот на САДУ се одржа Конференција на тема ,,Миграција на младите од Западен Балкан”.

На Конференцијата присуствуваа претставници од EPSU, г-ѓа Петра Ившиќ, Стивен Мекклауд од Solidarity center, претставници од синдикатите од регионот, г-дин Драган Чабриќ, г-дин Ранко Божовиќ и делегацијата од нивните грански синдикати, како и претставници од САДУ.

Претседателот Благоја Ралповски истакна: ,,На оваа конференција ќе се дискутира ова важно прашање, бидејќи за задржувањето на младите во земјите од Западен Балкан, сите, па и ние како синдикати треба да придонесеме за создавање на просперитет на нашите општества и да делуваме кон намалување на миграцијата на младите.

Беше истакнато дека 5 милијарди евра чини миграцијата на младите во земјите од Западен Балкан. Земјите од Западен Балкан немаат загарантирано просперитет да ги задржaт младите, треба во оваа мрежа да се продискутира што треба да работиме како синдикати за да придонесеме кон намалување на миграцијата. Во денешно време и во минатото нашите краеви се познати по миграција. Во минатото економските причини беа основните причини за миграција, но во минатото луѓето се враќале и инвестирале во своите земји, а денес младите кога заминуваат не се враќаат. Сега економската причина не е прва и примарна причина за заминување, туку причините се различни, подобри услови за живот, непартизирано општество, општество без корупција, подобро здравство, подобри работни услови и сл.  Ние како синдикати се бориме за економскиот сегмент, а наша примарна идеја е млади, образовани и способни луѓе да ги водат државите.Во синдикатот старее членството на синдикатот, администрацијата и јавниот сектор не се место каде што младите сакаат да работат.

На конференцијата се обратија и гостите и беше истакнато дека ова е сериозно прашање за опстанок на овој наш народ, има се помалку деца има во училиште, проблем е и демографијата како и заминувањето на младите. Во Србија на работни места кои што се солидно платени има недостаток на вработени. Се дискутираше дека она што треба да го работат синдикатите е да се залагаат општествата да станат поправедни, да се сведе корупцијата на минимум, а да се функционира согласно закон и устав. Исто така се даде осврт и за тоа зошто си одат младите од Црна Гора, па и од Западен Балкан, си заминуваат за подобар живот, тоа е тренд кој трае со години, но сега младите сакаат да го доживеат светот, да видат нешто ниво. Од страна на претставникот од Црна Гора беше истакнато дека за да ги задржиме младите треаба да им се даде на младите простор во општеството, во политиката. Исто така беше истакнато дека улогата на синдикатот е во органите да вклучат повеќе млади луѓе.

На крај се даде заклучок дека и понатаму ќе се работи на оваа тема и дека синдикатите и понатаму ќе бидат коректор на општеството и ќе зборуваат гласно за сите општествени проблеми.

Извор: САДУ

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...