spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош...

Аеродром: Истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња

В понеделник (30 септември) истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3500 денари.

Семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром секој работен ден до 15.30 часот.

Образецот за аплицирање и сите други потребни документи можете да ги најдете на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Општина Аеродром останува посветена на заложбата за инвестиции во најмладите, како и кратењето на дополнителните трошоци што претставуваат товар на секој семеен буџет.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Илинден: Инвестиции во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, пришто заедно со директорот на училиштето Дарко Петковски направија увид во...