spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Извршена есенска дератизација и дезинфекција на територија на општината

Илинден: Извршена есенска дератизација и дезинфекција на територија на општината

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината.

Со дератизацијата се опфатени 1096 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден, а дезинфекција е извршена на 3300 метри квадратни јавни објекти.

Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Владата преку Министерството за локална самоуправа и во партнерство со УНДП...

0
На 18.10.2024 година, во Владата на Северна Македонија се одржа настан со кој отпочнува на процесот на темелна анализа со цел унапредување на Законот...