spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“

Илинден: Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“

Општина Илинден интензивно работи на реконструкцијата на улиците „9“ и “532“ во Марино, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на асфалт. Во оваа прва фаза асфалтирани се околу 380 метри.

Во рамки на градежните работи се врши целосна реконструкција на улицата во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, реконстукција на тротоар во должина од 450 метри како и зафаќање на атмосферските води од коловозот. Улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница во општината што ги поврзува сите населни места. За време на реализација на градежните работи на улицата е воспоставен времен режим на сообраќај, кој го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен Филип инжинеринг Дооел Скопје.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Владата преку Министерството за локална самоуправа и во партнерство со УНДП...

0
На 18.10.2024 година, во Владата на Северна Македонија се одржа настан со кој отпочнува на процесот на темелна анализа со цел унапредување на Законот...