Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, на која се разговараше за тековните и идните активности кои Министерството ги спроведува, со фокус на реформите во јавниот сектор.
За време на средбата, Министерот Минчев и Амбасадорот Силвестри ги истакнаа можностите за соработка како и придобивките кои произлегуваат од споделувањето на искуствата и знаењета во области како што се градење капацитети во јавните институции и доброто владеење.
„Република Италија продолжува да биде партнер во поддршката на напорите на Република Македонија за модернизација на јавната администрација, а денешната средба ја зајакнува нашата цел за создавање ефикасно, транспарентно и фокусирано владеење во интерес на граѓаните на нашата држава“, – посочи министерот Минчев.
Амбасадорот Силвестри ја нагласи подготвеноста на Амбасадата на Република Италија да сподели експертиза и да соработува со Министерството за јавна администрација за реформите кои позитивно ќе влијаат на вработените во јавниот сектор.
Средбата заврши со можност за унапредување и продлабочување на соработката како и воспоставување на редовен дијалог за поддршка на тековните реформски напори и меѓународни проекти кои ќе ја подобрат социјалната и економската благосостојба на нашата држава.