spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани со хрватската амбасадорка Тигањ

МЕП: Средба на министерот Муртезани со хрватската амбасадорка Тигањ

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Северна Македонија, Нивес Тигањ, на која беа реафирмирани долгогодишното пријателство и блиските односи меѓу двете земји, како и разгледани идните можности за билатерална соработка. Двете страни го истакнаа значењето на продлабочувањето на партнерството, особено во рамките на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во Европската Унија.

Министерот Муртезани ја подвлече улогата на Хрватска како клучен партнер во развојот на заеднички билатерални проекти, со посебен акцент на пристапните преговори. Тој се осврна на унапредување на соработката преку веќе воспоставените механизми како Твининг и TAIEX и истакна дека Хрватска останува наш најголем партнер во Твининг проектите, и тоа во области како владеење на правото, климатски промени, животна средина и безбедност во авијацијата.

Муртезани и Тигањ ги разгледаа модалитетите за формализирање на продлабочена билатерална соработка, преку техничка и експертска помош, која ќе обезбеди структуриран и континуиран дијалог со хрватските институции, со оглед на успешното интегративно искуство на Хрватска како последна земја која членка на Европската Унија.

Во контекст на проширување на соработката, пристапувањето на Северна Македонија во INTERREG Adrion, INTERREG Euro-Med, URBACT IV и INTERREG Europe отвора нови можности за транс-регионална соработка. Овие програми нудат широк опсег на ангажирање на учесници од национални институции, невладини организации, бизнис секторот и образовните институции.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте