spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани-Џеин - Шведска останува силен поддржувач на Северна Македонија во...

МСПДМ: Средба Лимани-Џеин – Шведска останува силен поддржувач на Северна Македонија во евроинтеграциите, родовата еднаквост и заштитата на човековите права

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани се сретна со Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска во Северна Македонија.

На средбата соговорниците разговараа за областите кои се во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади, за кои двете држави имаат воспоставено тесна соработка, како што се родовата еднаквост, заштитата од дискриминација, трговија со луѓе и заштитата и спречување на насилството врз жената.

Министерот Лимани ја запозна амбасадорката со тековните активности на министерството во споменатите области, во однос на донесените клучни документи како стратегии и акциски планови и воедно за работата на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политиките и буџетирање во државата и регионот. Како еден од поддржувачите за негово воспоставување е и Шведска.

Амбасадорката посочи дека од особена важност за државата e родовата еднаквост и овозможувањето на жените да се вклучат на пазарот на трудот. Таа истакна дека тоа особено влијае на зајакнувањето на економијата во државата и дека Шведска е пример за тоа, која како што рече достигнала раст на економијата до 20% благодарение на родовата еднаквост во општеството.

Една од важните теми на кои се разговараше на средбата беа и младите, за што министерот Лимани потенцираше дека Владата и Министерството како ресорно, особено ќе се залага за вклучување на младите во процесите на креирање на политики, но и сите сегменти од општеството. На земјата и се потребни инвестиции, нови работни места со тоа и зајакнување на економијата, како еден од факторите за задржување на младите во државата.

Амбасадорката на крајот од средбата ја потврди искрената поддршка на земјава во евроинтеграциските процеси и процесите кои водат кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните во државата.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, на која...