spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Домаќин на скопскиот Училишен Рагби Фестивал

Карпош: Домаќин на скопскиот Училишен Рагби Фестивал

Оваа сабота, на спортското игралиште ,,Алумина”, за прв пат во Карпош, се одржа Скопскиот училишен рагби фестивал, а локалната самоуправа го поддржа  овој спортски настан. Инаку, Француската амбасада во Скопје им помогна на турнирите во рагби во Македонија да го прослават Светскиот куп во рагби Франција 2023 година со училишен турнир кој што се одржа на воениот стадион на АРМ во ноември минатата година. Оваа година, бидејќи Олимпијадата се одржа во Франција (Париз),уште поголема причина, француската амбасада понуди да помогне да се прослави Олимпијадата со овој фестивал за рагби меѓу училиштата од Македонија.

       

Имено, на рагби фестивалот, кој започна да биде омилен меѓу помладата популација, учествуваа учениците од четири основни училишта од Општина Карпош, ,,Петар Поп Арсов”, ,,Братство”, ,,Војдан Чернодрински” и ,,Димо Хаџи Димов”,  кои се натпреваруваа во две категории, под 12 и под 14 години. Градоначалникот Стевчо Јакимовски, преку својот поздравен говор, ја прогласи оваа спортска манифестација за отворена кој им посака среќа на натпреварувачите и кој дополни дека Општина Карпош дава поддршка за спортски настани и во таа насока обезбедува и стипендии за најталентираните ученици како и финансиска поддршка за спортски клубови.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте