spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: 62-та Панта Реи конференција

АФПЗРР: 62-та Панта Реи конференција

Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев и раководителот на сектор за контрола на терен Панче Арсов, присуствуваа на 62-та Панта Реи конференција (Платформа на Европските Платежни Агенции подржана од Европска Комисија) одржана  во Фуншал (Мадеира) Португалија 25-27.09.2024, на која се презентираа најновите технологии во имплементацијата на ЕУ земјоделски и рурални програми. Посебно значајни за Агенцијата, се новитетите и искуствата во мониторингот на земјоделските површини, бидејќи стратешка цел за Агенцијата во периодот што претстои е замена на контролите на репрезентативен примерок, со мониторинг на сите земјоделски површини низ комплетен земјоделски вегетативен период – Area Monitoring System и Check by Monitoring како дел од системот. 

Се оствари и комуникација со претставници од повеќе платежни агенции од ЕУ и регионот, при што се договори меѓусебна соработка и размена на искуства и знаења и во следниот период ќе следуваат и официјализирања на билатерални меморандуми за соработка.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...