spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Забранета за пиење водата од струмичкиот водовод

АХВ: Забранета за пиење водата од струмичкиот водовод

Врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие ,,Комуналец” и од Центарот  за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од овој водоснабдителен систем.

На  јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...