spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Креативниот центар Карпош додели хемиски сетови за училиштата

Карпош: Креативниот центар Карпош додели хемиски сетови за училиштата

Во рамки на денешниот работен состанок, кој се одржа во ООУ ,,Јан Амос Коменски”, Креативниот центар Карпош додели сетови за експериментирање по хемија за учениците од осмо и деветто одделение.  Оваа пракитка, која секоја година се применува е од особено значење пред се за учениците и наставниците, кои преку експериментални примери се изучуваат хемиските состави и нивните намени. Преку овие сетовите значително се подобрува искуственото учење по наставниот предмет и нивните лабораториски вештини.

Експерименталните сетови се финансирани од Програмата за финансиска поддршка за проекти од образованието, односно од Програмата за активности во дејноста на образованието за 2024 година.

На оваа средба, присуствуваше претседателот на КЦК, Александра Блажевска и професор д-р Зоран Поповски, како и професорот Методија Најдовски,  кој преку кратка презентација објасни за подготвувањето на хемиските сетови како дел од годинешните активности на Креативниот Центар Карпош.  Исто така, дел од работниот состанок беа и одговорните предметни наставници по хемија од училиштата во Карпош.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...