Врз основа на Решение бр.04-825/4 од 30.09.2024 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува:
ЈАВЕН КОНКУРС
за ангажирање на 2 (два) надворешни соработници во канцеларијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Битола
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 2 (два) надворешни соработници и тоа:
• 2 (два) надворешни соработници во канцеларијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со локација во Битола
Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:
– VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;
– со или без работно искуство;
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).
Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место
Кандидати кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:
– Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец;
– Писмо за мотивација;
– Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
– Лекарска потврда за општа здравствена состојба;
– Уверение/диплома за завршен степен на образование;
– Доказ на работно искуство;
– Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и
– Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Временска рамка за извршување на работни активности:
– Надворешниот соработник се обврзува да ги извршува сите договорени работни активности навремено и ажурно, во времетраење на договорот.
Јавниот конкурс трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во канцеларијата на Националната агенција, со локација во Битола.
Изборот ќе се изврши во рок до 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од една година.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност или по пошта на следнава адреса:
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје
(со назнака – “ Јавен конкурс бр. 03/2024” )
Контакт : 02-3109-045 Лице за контакт: Анета Здравковска
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (два) надворешни соработници и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност