„Јас искрено од самите вработени и нивното менаџирање сум презадоволен и им симнувам капа за сето она што го работат. Проблемот со којшто се соочуваме е со мешање на ингеренциите на градот Скопје и отстранување на сметот. Сите добро знаеме дека комунална хигиена се грижи за контејнерите во градот Скопје вклучувајќи ја и Општината Центар и нивното лошо менаџирање, буквално лошо менаџирање со недоволен број и капацитет на вработени допринесува да хигиената не само во Општина Центар туку и во останатите општини во градот Скопје биде на малку пониско ниво“, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Тој во гостување во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 истакна дека иако вработените хигиеничари даваат натчовечки напори за подигнување на хигиената на што повисоко ниво негрижата на градот допринесува сликата за јавната хигиена да изгледа неуредна.
„Со нечистење на кантите во вечерните часови со оние кучиња скитници којшто ги имаме во болниците џабе ни се нас како општина и 200 и 300 хигиеничари коишто би воделе ред и грижа. Значи проблемот е заеднички и би упатил дополнителна порака до граѓаните да сите ја подигнеме свеста во делот на хигиената и допринесуваме за што почист Центар. Искрено од сето она што го слушнав од страна на министерот за локална самоуправа и други претставници нема законска можност за целосно преземање на ингеренциите на комуналното претпријатие ЈП Паркови и Зеленило. Но јас сум сигурен дека доколку сепак има некаква законска можност или регулатива ние како општина да ги преземеме ингеренциите дека хигиената ќе биде на многу многу повисоко ниво и нема да се соочуваме со вакви проблеми со што се соочуваме секој ден“, рече Герасимовски.
Герасимовски во емисијата истакна дека неговата лична цел е што подобро менаџирање на општината во интерес на граѓаните потенцирајќи го одржување на добра комуникација меѓу градоначалниците во Градот Скопје и меѓусебното преземање на добри практики и проекти кои ќе донесат подобар квалитет на живеење на граѓаните.
Извор: Општина Центар