spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Чистење на каналската мрежа

Илинден: Чистење на каналската мрежа

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и терцијална каналска мрежа) во согласност Годишната програма за чистење на каналска мрежа на АД Водостопанство ,,Скопско Поле’’ – Скопје и во согласност со потребите на граѓаните и правните субјетки на Општина Илинден.

Од страна на АД Водостопанство на РМ Поддружница „Скопско Поле’’- Скопје во текот на изминатиов период е извршено чистење на сисавец на секундарен канал Топлик во Илинден во должина од 1000 метри, канал Млака на потегот од од пречистителната станица Илинден, кон Главен канал во должина од 800метри, потоа каналот позади Дом на култура кон Главен канал во Мралино во должина од 1500 метри. Исто така исчистен е канал покрај ул.4 кон Главен канал  во должина од 600 метри  и терцијални канали покрај ул.1 и ул.2 во должина од 400 метри во населено место Мралино.

Согласно годишна програма и акционен план за чистење на каналската мрежа, во нареден период ќе се продолжи со чистење на Ободен канал на потегот од Кадино-Марино кон локална зона стопански комплекс Илинден во должина од 4000 метри и секундарен А – канал во Илинден во должина од 3000 метри.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...