spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”.

Право на учество имаат сите ученици од 1-9 одделение од основните општински училишта на територија на Општина Карпош.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Пријавете се во своја лична творба кај Училишната комисија во Вашето училиште. Секоја литературна творба потребно е да има само ШИФРА позната само на ученикот (без име и презиме на ученикот, одделение и училиште)

Училишната комисија ги доставува литературните творби до Комисија за наградување на литературни творби при Општина Карпош, најдоцна до 18.10.2024 преку Архива на Општина Карпош

Наградените ученици од одделенска и од предметна настава ќе бидат наградени на посебен настан по повод Деновите на Општина Карпош.

Наградниот фонд се состои од парични награди за одделенска и за предметна настава поединечно во висина на: 1 место – 10.000 денари, 2 место – 6.000 денари , 3 место – 4.000 денари

Линк до Огласот 👉 https://bit.ly/4ePBfjM

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

ЈА: Предлог Закон за изменување на Законот за вработените во Јавниот...

0
Прочитајте и дознајте: 👀👇 Предлог Закон за изменување на Законот за вработените во Јавниот Сектор Предлог закон за изменување на Законот за Административни Службеници Извор: Javnaadministracija.mk