spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваНиколоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве...

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании

“ Благодарам за поддршката на Светска банка што ја дава за овој и многу други бројни проекти. Со целосна подршка на Владата и премиерот Мицкоски работиме многу инфраструктурни проекти во ист временски период. Почнуваме и многу е важно да ги завршуваме проектите. Овој проект го започнуваме денеска а треба да биде завршен до мај 2025 година и да имаме прва фаза завршена од реконструкција на граничниот премин Деве Баир. Во моментов работиме на нов детален урбанистички план од А категорија кој што треба да не однесе до втората фаза на реализација на граничниот премин, така што во текот на следната година ќе почнеме, а во текот на 2026 година ќе го завршиме целосен овој граничен премин и во делот на граничната управа и во делот на фитосанитарната управа и во делот на граничната полиција и секако со повеќе сообраќајни ленти. До овој граничен премин веќе од Нова година ќе води еден убав експресен пат. Веќе сме во завршна фаза на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и исто така да најавам дека почнуваме проектирање нова траса со цел поврзување од Куманово со новиот експресн пат до Ранковце, така што од Скопје до граничниот премин да се стигнува во едно пријатно возење од час/час и десетина минути. Се надевам дека и нашите соседи ќе посветуваат исто или слично внимание како што ние посветуваме на Коридор 8, тука мислам на Бугарија и Албанија како дел од Коридор 8. Можам да најавам дека деновиве започнуваме и со реконструкција и на граничниот премин Ќафасан, слични вакви активности и очекувам до мај следната година и тој да биде ставен во функција”-изјави заменик претседателот Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека модернизацијата на овој граничен премин е силна политичка порака.

“Со самата оваа реконструкција и со реконструкција на ГП Клепало, покажуваме дека секоја точка на Македонија ни е важна. Македонските граѓани кои што ќе го отплаќаат овој кредит земен од Светска банка, ќе добијат модерни гранични премини а Царинската управа поефикасни услови за работа. Преку модернизација на граничните премини ќе создадеме подобри услови и ќе се избегнат оние гужви и турканици, додаде премиерот Мицкоски.

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, истакна дека инвестирањето и подобрувањето на граничните премини е дел од заложбите за побрза интеграција во ЕУ. Изградбата на нов современ објект за стоково царинење, на нова управна зграда ќе ги подобри условите за работа на царинските и полициските службеници и сите инспекциски служби на граничните премини, потенцираше директорот на Царинската управа, Николовски. 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...