Општина Ѓорче Петров почна со реализација на уште еден инфраструктурен проект, односно целосна реконструкција на улицата „Исаија Мажовски“ во Хром.
Со овој зафат, една од главните артерии во Општина Ѓорче Петров ќе биде целосно сигурна и безбедна за сите возила и пешачи. Станува збор за реконструкција на коловоз од 3.000 м2 што во иднина ќе значи помалку сообраќајни незгоди и подобро движење.
Општина Ѓорче Петров продолжува да инвестира во безбедноста и сигурноста на своите граѓани. Целта е да се обезбеди максимално квалитетна инфраструктура која ќе овозможи сигурно секојдневие на жителите на Ѓорче Петров.
И во перидот што следува ќе бидат реализирани сериозни инфраструктурни чекори кои значително ќе ја подобрат сообраќајната мрежа во Ѓорче Петров, но и генерално проекти кои имаат за цел подобрување за условите на живот во општината.
Извор: Општина Ѓорче Петров