spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Минчев ги повика македонските студенти - умови да се вратат во...

МЈА: Минчев ги повика македонските студенти – умови да се вратат во својата татковината и да станат двигатели на промените

На покана на Претседателот на управниот одбор на државниот Факултет за информатички студии во Ново Место, Словенија, проф. д-р Борут Рончевиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, одржа предавање каде ја истакна клучната улога на образованието, иновациите и меѓународната соработка во поттикнувањето на општествениот напредок во регионот.

Обраќајќи се пред професорите и студентите, министерот Минчев ја поздрави програмата на Факултетот „Информатика во современото општество“ како водечки пример за подготовка на студентите за предизвиците на современиот свет.

Во своето обраќање, министерот Минчев се осврна и на тековните реформи и напорите за модернизација во јавната администрација во Република Македонија.

„Нашата цел е да го промовираме владеењето на правото, да ја намалиме корупцијата и да ја обновиме довербата на граѓаните во институциите, преку колективни, транспарентни и системски реформи.

Министерот Минчев ја искористи можноста да им се обрати и на македонските студенти кои студираат на Факултетот, повикувајќи ги да се вратат во својата татковина и да бидат идни лидери на промените и реформите.

„Вие сте амбасадори на промените, архитекти на напредокот и идни лидери кои сакаме да ни помогнат да го обликуваме патот на нашата држава.

На Македонија и требате.

Затоа што Македонија не е само место на мапата, таа е наш идентитет, наше наследство и наша колективна одговорност.

Очекувам дека по завршување на Вашето студирање, по завршување на Вашиот образовен пат надвор од татковината, стекнатите знаења и вештини ќе ги искористите на вистинското место, дома, и ќе придонесете кон развојот на Република Македонија.

Македонија Ве чека.

Вашата приказна не завршува кога ќе дипломирате, таа започнува кога ќе се вратите таму каде што припаѓа Вашето срце, во Вашата родна земја“ – заклучи Минчев.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...