Во одлична атмосфера со присуство на повеќе од 15.000 граѓани се одржа манифестацијата “Вкусовите на Гази Баба” на плоштадот во Автокоманда.Хари Мата Хари, Амадеус Бенд, ДНК, Таско, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски и Гоце Пејковски се погрижија за добрата забава која траеше повеќе од шест часа.Им благодарамe на граѓаните на Општина Гази Баба и на сите Скопјани кои беа публика за почит и кои ниту дождот не ги спречи да уживаат во добрата забава.
Ако оваа година прв пат во Гази Баба настапуваа балкански ѕвезди и следната година оваа манифестација ќе донесе уште подобра забава, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа. Благодарност и до Либерти груп, Макстил, Алкалоид, МакАутоСтар, Државна лотарија на Македонија, Жикол, Астра казино, Моцарт, Виталија, Еаст Гате, ЕВН Македонија и Континентал за покажаната општествена одговорност и поддршка во реализацијата на овој настан.
Извор: Општина Гази Баба