spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност:

(Slovak National Mobility Programme).

Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2024/2025 година.

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најкасно до  31 октомври 2024 година,  до 16:00 ч. по централно европско време.

Ќе има вебинар (врска: https://lnk.sk/zfqy ), со фокус на подготовка на апликација за стипендија во рамките на Националната програма за стипендии, организиран за странски апликанти во петок, 4 октомври 2024 година во 13:00 часот.

За дополнителни информации може да се обратите директно до:

Ms.Kristina Sallerova, e-mail: nsp-sk@saia.sk        

S. Lipovská, e-mail:  nsp-foreign2@saia.sk   и

Ondrej Aradský, e-mail: nsp-foreign@saia.sk

администратори на програмата.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте