На првата позиција во училишната фудбалска лига за овогодишната есенска полусезона 2024/2025, завршија младите фудбалери од ООУ „Петар Поп Арсов“.
Талентираните ученици од П.П.А во очекување на продолжението на понатамошните натпревари оваа есен се пласираа на првото место од табелата, заслужено, со освоени 20 бодови.
Додека, пак, кај стрелците на првото место заврши голгетерот Огнен Сивевски од ООУ „Димо Хаџи Димов“ со постигнати 15 голови.
Извор: Општина Карпош