spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Директорката Петрова и преставници на институциите во Штип дискутираа за правата...

УЈП: Директорката Петрова и преставници на институциите во Штип дискутираа за правата на работниците

Директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, присуствуваше и се обрати на осмата по ред „Текстилијада“, која се реализира во организација на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“. Темата на овогодинешната Панел дискусија беше „Политички перцепции кон правата на работниците – нови предизвици со новите власти

Во своето обраќање, директорката на УЈП, изрази задоволство што е дел од овогодишната Текстилијада и нагласи дека во иницијативата за ваков настан препознава искрена потреба да се разгледаат предизвиците со кои се соочуваат работниците, со цел наоѓање на нови, одржливи системски решенија за избегнување на неправилности.

Дел од присутните ја потенцираа злоупотребата на работничкиот труд, пред сè, со исплата на плата под минималната, и прашаа дали постојат механизми за отстранување на истата.

На панел дискусијата директорката Петрова, истакна дека предизвиците и проблемите се стари, но перцепциите и пристапите се нови, бидејќи доаѓаат од нови носители на јавни функции. Во поглед социјалните права на работниците, општествена пресвртница беше воведувањето на концептот „бруто-плата“ во 2009 год., со што се создадоа основи работникот да не може да прими нето-плата без едновремено и неделиво плаќање на придонесите. Во претходниот период многу генерации се соочија со проблеми во остварувањето на правото на пензија заради неплатен придонес за ПИО. Од моментот на воведување на бруто платата, УЈП се поврзува со темата „исплата на плата“, бидејќи ја доби надлежноста за наплата на придонесите и за управување на системот за поднесување и плаќање на пресметките на плата. И по 15 години, сè уште постојат предизвици во имплементацијата на бруто платата, за кои сите сме свесни. Појавите како злоупотреба на задршките од плата, плата во плик и сл. ги засегаат вработените, но непресметаните и неисплатените бруто плати значат помалку приходи во социјалните фондови сега, но и социјален ризик во иднина кој ќе биде на товар на идните генерации даночни обврзници.


Никако не можеме да кажеме дека проблемот не може да се реши затоа што е таков ИТ системот. ИТ системот е всушност законот пресликан во алгоритми. Треба да се најдат решенијата кои ќе бидат трајни и одржливи, ќе се засноваат на анализа и меѓуресорска координација и ќе вклучат промена на регулативи и процеси за попречување на можностите за злоупотреба. – рече Петрова.

Претседателката на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева, во обраќањето се заблагодари на присутните и посебно на директорката на УЈП, Елена Петрова, за изразената желба за решавање на системските неправилности.
„Ова е одличен и еден јасен сигнал, со конкретен предлог од новата директорка на УЈП, за тоа како може да се реши проблемот. Значи, не е до системите, туку до политичката, но и до волјаta на носителите на јавните функции “. – рече Ампева.

Заменик министерот за труд, Maрјан Ристески, рече дека е важно да се креираат политики и мерки кои ќе придонесат за социјалната правда и економскиот развој не само на вработените, туку и на државата.

Заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова, изјави дека како институција, преку разни мерки се трудат да ги задржат младите дома да работат, а и оние кои учеле во странство да се вратат, наместо да се носи работна сила од странство, која недостига во градежништвото, угостителството и производството.

Целта на Текстилијадата беше да се нагласат различните пристапи кои ги преземаат здруженијата, синдикатите, институциите и властите, за заштита на правата на работниците преку подобрени процеси и закони.

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...