spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Директорката Петрова на работна средба со шефот на мисијата на ММФ...

УЈП: Директорката Петрова на работна средба со шефот на мисијата на ММФ од Вашингтон, Annette Kyobe

Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, со нејзиниот тим задолжен за наплатата на даночните приходи, се сретнаа со претставниците на мисијата на ММФ во земјата, предводена од шефот на мисијата Annette Kyobe, на која присуствуваа и Yuan Xiao, член на мисијата од Вашингтон како и локалните економисти во Канцеларијата на ММФ во Скопје Симона Ковачевска Стефанова и Фатон Сулејмани.

Во фокусот на разговорите беше наплатата на приходите во првите три квартали од годинава, очекувањата до крајот на 2024 година и проекција на приходите за идната година. Освен тоа, се разговараше и за реформите кои се спроведуваат во рамки на УЈП, за активностите за справување со неформалната економија, како и процесот на дигитализација, со цел зголемување на приходите преку поголема наплата на даноците.

Директорката Петрова информираше дека во месец септември годинава, како и кумулативно во периодот е остварен планот за наплата и има поголема наплата на даноците во споредба со наплатата во 2023 година.
„Во септември 2024 година наплатени се 10,4 милијарди денари, што е 2,2 милијарди денари повеќе наплатени даночни приходи во однос на истиот период лани.“


Директорката Петрова ги запозна членовите на мисијата со преземените мерки и активности за проактивно управување со даночната дисциплина за даночните обврски кои доспеваат во овој период, како и дека ќе продолжи засилениот фокус до крајот на годината за наплата на приходите преку превентивни мерки и мерки за брзо интервенирање во законските рокови за плаќање на обврските. Воедно, таа истакна дека УЈП работи на целосна имплементација на концептот управување со ризиците на даночна усогласеност, за што во претходните три месеци УЈП организираше и до крајот на годината ќе продолжи со таргетирани кампањи за стопански дејности кои се актуелни за сезоната.


Во однос на реформите, во завршна фаза е подготовката на Програмата на УЈП во која се инкорпорирани стратешките и реформските цели на УЈП и истата се заснова на 4-Д клучни области, односно даночни приходи, даночни обврзници, даночна администрација и дигитализација.

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте