spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Состанок на мрежата на CAF кореспонденти во Будимпешта на Регионалното училиште...

МЈА: Состанок на мрежата на CAF кореспонденти во Будимпешта на Регионалното училиште за јавна администрација и Eвропскиот институт за јавна администрација

Во организација на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) и Eвропскиот институт за јавна администрација (EIPA), викендов се одржува состанок на мрежата на CAF кореспонденти во Будимпешта.

На оваа средба учествуваа претставници од повеќе европски земји, вклучувајќи ја и Република Македонија, каде Министерството за јавна администрација ја има улогата на национален координатор за активностите на CAF и управување со квалитет.

Настанот беше обележан со динамични дискусии од земјите на ЕУ, Западен Балкан и гости од Молдавија, кои го истакнаа импресивниот напредок во подобрувањето на ориентацијата кон клиентите, вработените, резултатите и процесите преку користење на CAF – Заедничката рамка за проценка, која поддржува меѓугенерациски пристапи, менторство и дигитализација во јавната администрација.

Во рамки на средбата, Европскиот ресурсен центар за CAF ќе го претстави новиот модел CAF Education 2024 година, една иновативна и приспособена рамка за само-оценување на управувањето со квалитет во образованието.

Овој иницијативен процес претставува значаен напредок во подобрување на квалитетот на јавните услуги, особено во образовниот сектор.

Во контекст на ова, Министерството за јавна администрација на Република Македонија ќе соработува тесно со Министерството за образование и наука, како и со релевантни засегнати страни и македонските CAF и PEF обучувачи.

Фокусот ќе биде на примената на рамката CAF EDUCATION 2024 со цел спроведување на процес на самооценување во основното и средното образование, со што ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на образовниот систем на сите нивоа во Македонија.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...